МОНЕТА — Достава и плаќање | Бесплатна достава над 2.000 ден.
Почетна / Достава и плаќање
🚚 ДОСТАВА И ПЛАЌАЊЕ

Достава и плаќање

Брза испорака низ цела Македонија и плаќање при преземање.

БЕСПЛАТНА достава за нарачки над 2.000 ден.
Достава за 48 часа низ цела Македонија.

Цени

Понудата и цените на нашиот сајт се ажурираат на дневно ниво. Сите цени се искажани во денари со вклучен ДДВ. Продавачот го задржува правото на промена на цената, ако не е поинаку наведено (во случај на акција и специјални попусти). Цените важат во моментот на креирање на нарачката и имаат дејство и валидност и за следниот период. Наведените цени важат само за купување преку Интернет продавницата и истите можат да се разликуваат од цените во малопродажните објекти.

Испорака

  • Производите порачани преку веб продавницата се испраќаат во рок од 1 до 3 работни дена од моментот на прием на нарачката.
  • Испораката на пратки ја врши партнерска курирска служба. Трошокот на достава изнесува 160 денари, а достава е БЕСПЛАТНА за нарачки над 2.000 денари.
  • Испораката на производи се врши исклучиво на територијата на Република Македонија.
  • Курирот двапати ќе се обиде да ја врачи пратката. Доколку првиот пат испораката не биде успешна, курирот ќе Ве контактира на телефонскиот број кој сте го оставиле при нарачувањето и со Вас ќе договори нов термин за испорака.
  • За пратки пратени во петок, испораката се врши следниот понеделник.
  • Пратките без оставени лични податоци и податоци за контакт (телефонски број или важечка адреса) не се испорачуваат.

При преземањето на пратката потребно е визуелно да го прегледате пакетот да не постои некое видно оштетување. Доколку забележите дека транспортната кутија е значително оштетена и се сомневате дека производот е оштетен, одбијте го приемот на пратката и веднаш известете нѐ.

Плаќање

Вашата нарачка можете да ја платите при преземање. Плаќање при преземање подразбира плаќање во готово при преземање на пратката.

Плаќање при преземање (готово) — плаќате кога ќе ја примите пратката од курирот.